Order allow,deny Deny from all Order allow,deny Deny from all About

Знаење, искуство и вистинска грижа

Изградено со години искуство, посветеност и вистинска грижа за секој клиент.

Партнери на вистинските земјоделци

Фирмата Агромедика дооел Ресен е основана на 05.03.2002 год.со јасна визија да понуди современи решенија и поддршка за земјоделското производство во Преспанскиот регион.Со свое седиште во градот Ресен , центарот на јаболкопроизводителството во Македонија започна со работа како земјоделска аптека на препарати за заштита на растенија , семенски материјал и ѓубрива.
 
Преку посветеноста на квалитетот и соработка со земјоделците Агромедика се разви во реномирана фирма која денес е активна во производство на јаболка во село Евла.Денес Агромедика е симбол на традицијата , иновацијата и одржливото земјоделие во регионот.

Агромедика – веќе 23 години лидер во земјоделството!

Ние не сме само уште една земјоделска аптека – Агромедика е име со доверба, искуство и квалитет. Со 23 години на пазарот, сме избор број 1 за илјадници земјоделци ширум Македонија.  Кај нас ќе најдеш сѐ на едно место – од најквалитетни препарати и ѓубрива, до железарија и алатки за секојдневна употреба.  Затоа што кога станува збор за земјата, само најдоброто е доволно.